Ферстапен најбрз во квалификациите пред трката во Бразил

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Бразил, откако со својот болид на Ред Бул го извозе најбрзиот круг за 1.07.508.

Ферстапен зад себе ги остави Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, кои ќе тргнат втор, односно трет. Шарл Леклер заврши четврти, но поради промена на мотор ќе тргне од 14. место.

Во топ-10 свое место имаа и Валтери Ботас, Александер Албон, Пјер Гасли, Ромејн Грожан, Кими Раиконен и Кевин Магнусен.

Утрешната трка во Бразил се вози од 18.10 часот.