Ферстапен најбрз на подготовките за новата сезона

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше најбрз на утринските тестови во Бахреин пред почетокот на новата сезона во Формула 1.

Ферстапен на патеката оствари време од 1:32,548, а извозе дури 66 кругови, додека неговиот ривал од Ферари, Шарл Леклер имаше време од 1:33,247.

Третото место му припадна на Фернандо Алонсо од Астон Мартин со време од 1:33,385.

Новата сезона почнува со трката во Бахреин која е закажана за 2 март.