Ферстапен казнет со пет позиции – тргнува од седмото место на гранприто во Катар

Макс Ферстапен, актуелниот лидер во генералниот пласман во Формула 1 ќе тргне од седмата позиција денеска на гранприто во Катар, откако доби казна од пет позиции поради непочиитување на жолтото знаме за време на официјалните квалификации.

Верстапен заврши зад Луис Хамилтон, но поради непочитување на сигнализација од стујардите, односно не забавил на секторите каде имало двојно жолто знаме, па синоќа се најде под истрага по што одлука на Ф1 е да биде казнет со пет позиции за тоа и сега ќе мора од четвртиот ред да стартува на денешната трка.

Покрај Ферстапен казна заработи и Валтери Ботас, вториот возач на Мерцедес доби казна од три позиции наназад за стартот на трката, не забавил на жолто знаме во секторот каде што возел.