Ферари имаше само црвени ѕверови, а Марадона ги натера да му направат – црн! (ФОТО)

Откако Аргентина во 1986 година стана светски првак на крилата на Диего Армандо Марадона, кој вчера почина на 60 годишна возраст, после враќањето од Мексико, аргентинскиот фудбалски бог од својот менаџер Гиљермо Копола побарал да му купат Ферари. Ама не било какво туку – црно.

Заштитна боја на Ферари е црвената и во најголем дел од скапите автомобили, кои во тоа време не беа луксузни, туку се рангираа како тркачки автомобили, па многумина биле зачудени како да се смени бојата. Моделот Тестароса била само во исклучиво „росо корса“ (тркачка црвена боја). Ама, Марадона познат по својот инает, сакал црн Ферари и Копола му се обратил на тогашниот прв човек на Наполи, Корадо Ферлаини за да се купи тестаропсата за Диего од Маранело

Автомобилот во тоа време чинел 430.000 долари, што во сегашни услови се претпоставува дека би чинел преку еден милион „зелени банкноти“. Само што Марадона, платил уште толку, од кои 130.000 за да ја офарбаат црвената Тестароса во црна. Дури, целата приказна стигнала, според некои наводи до Енцо Ферари, кој лично дозволил да се префарба моделот како што сака Марадона. Ѐдополнително е што во автомобилот била вградена клима, па радио, дополнителна опрема...

„Вредеше 430.000 долари, а јас платив уште толку, па додадов 130.000 за фарбање. Диего бараше радио, а му викам дека нема – тоа е тркачки автомобил! Немаше ни клима, никаква дополнителна опрема. И Диего само кратко рече: 'нека стават сѐ'.

Овој автомобил подоцна заврши во рацете на еден шпански колекционер, кој Тестаросата од 1987, единствената во црна боја, со бели кожни седишта и само 20.000 поминати колометри го продаде пред шест години за 250.000 евра.