Ферари го претстави болидот за новата сезона во Формула 1 (ФОТО)

Екипата на Ферари го претстави својот болид за наредната сезона во Формула 1, на специјална церемонија која се одржа на 30 километри од базата на тимот од Маранело.

Болидот е наследник на СФ90 и визуелно речиси и да нема измени од минатогодишниот болид, а сегашното име СФ1000 го доби за да се прослави 1000-та трка во Ф1 шамионатот која Ферари ќе ја вози оваа сезона.

Веќе од 2021 година не очекуваат нови навистина одлични болиди кои ќе бидат со многу поинаков изглед од сегашниот.

Инаку прво појавување на годинешниот болид ќе биде за околу една недела кога Ферари ќе искочи на патеката во Барселона на предсезонските тестирања.