Фантастичниот Петручи славеше во Муџело

Данило Петручи е победник на Мото ГП трката за Големата награда на Италија, која се возеше на патеката во Муџело.

Во возбудливата трка, Петручи успеа да слави пред Марк Маркез и Андре Довициозо, а губитник на денот е Валентино Роси, кој поради пад не успеа да ја заврши трката.

Во генералниот пласман лидер е Маркез со 115 бодови, второпласиран е Довициозо со 12 бода помалку од Шпанецот, а по нив следуваат Алекс Ринс со 88, Петручи со 82, Роси со 72...

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози во Барселона.