„Ф1 е емоција, талент, ризик и брзина, но моќта на парите е немилосрдна!“

Италијанскиот возач Антонио Џовинаци од следната сезона повеќе нема да вози за Алфа Ромео, откако денеска екипата потврди дека неговото место ќе го преземе Гуангју Жу од Кина.

Џовинаци се јави со кратка порака по одлуката на Алфа Ромео да го тргне од листата со возачи за следната сезона.

„Формула 1 е емоција, талент, болид, ризик, брзина, но моќта на парите е огромна и немилосрдна. Ако ова е моја прва фотографија во Формула 1, тогаш последната уште не е направена“, напиша Џовинаци.

Италијанецот беше дел од Алфа Ромео од 2019 година, а за промената во тимот се шпекулира дека големо влијание имале спонзори од Кина.