Доминација на Мекларен во Абу Даби, пол-позицијата за Норис
Од пол-позицијата во Абу Даби ќе стартува Ландо Норис кој ќе тргне пред тимскиот колега Оскар Пјастри, додека на третото место заврши Карлос Сајнц од Ферари.
Мекларен така си ги отвори патот кон освојувањето на титулата помеѓу конструкторите бидејќи во последната трка влегува со 21 бод повеќе од Ферари.
Зад Сајнц во денешните квалификации следуваа: Нико Хулкеберг, Макс Ферстапен, Пјер Гасли, Џорџ Расел, Алонсо, Ботас и Серхио Перез.
Разочарување во квалификациите доживеа Шарл Леклер кој поради промена на батеријата ќе стартува од последното место, додека Луис Хамилтон последната трка ќе ја започне од дури 17. место.
Трката е на програмата утре од 14:00 часот.