Даница Патрик се повлекува од автомобилизмот – ќе се прости на Индијанаполис 500

Американската возачка Даница Патрик, која стана првата жена која успеала да се искачи на подиум, а потоа и да победи во Индикар-серијата реши да замине во пензија, па нејзини проштални трки ќе бидат суператрактивните – Дејтона 500 и Инди 500.

Двете трки се возат идната година и тие во Дејтона и Индијанаполис се последни во нејзината кариера. Призна дека веќе неколку месеци ѝ требале за да сфати дека нејзината кариера е пред крај и дека долго размислувала каде да се прости од брзиот асфалт.

„Ништо од понуденото не ме воодушеви, а пред три недели помислив зошто да не се повлечам на Инди 500. До крајот на мај ќе ми завршат трките. Планирам да завршам во Индијанополис и потоа се повлекувам“, вели Патрик.

Една од најдобрите автомобилистки на сите времиња не откри за кој тим ќе ги вози последните две трки во кариерата. Во 2013 година стана првата жена која освоила пол-позиција на Дејтона 500, а најдобар резултат на оваа трка е осмо место. На Инди 500 вози од 2005 до 2011 година, а најдобар пласман и е трето место. Единствената победа ја има во Инди-кар серијата во 2008 година во Јапонија.

Патрик, која моментно е 27 во НАСКАР-шампионатот, најави дека по завршувањето на автомобилската кариера ќе се посвети на својата винарија, како и на својата линија на спортска опрема.