Циркузи на Муџело: Карамбол на стартот на гранприто, па уште поголем хаос на рестартот(ВИДЕО)

Големата награда на Тоскана која се вози денеска на легендарната патека Муџело, а Ферари слави илјада трки во Формула 1, започна со карамбол по кој Макс Ферстапен, Роман Грожан и Пјер Гасли, минатонеделниот победник на Монца, испаднаа уште по нецел круг, поради карамбол.

Вестапен и Гасли не заработија некои повреди, ама по инцидентот на три свиока од стартот експресно влезе безбедносното возило, па потоа возачите се повлекоа во пит-стоповите поради излеано масло на патеката, за после шест круга, вторпат да влезе безбедносното возило поради нов судир.

Кога дојде време за рестарт на трката – нов хаос. И тоа уште пострашен.