Бразилец сакаше да победи шмекерски, ама испадна – глупак на годината (ВИДЕО)

Бразилскиот мотоциклист Андре Верисимо деновиве е предмет на потсмевање буквално во целиот свет, за глупост поради која најверојатно и самиот ќе си се смее, откако првичниот ќе се исплаче за направеното.

Ова момче на социјалните мрежи во својата земја е прогласен за „глупак на годината“, откако на последната трка во 2020 година почна да ја прославува победата педесетина метри пред целта, што скапо го чинеше. Верисимо сакаше да триумфира шмекерски, во стилот на наголемите мајстори во овој спорт, поради што станат предвреме почна да прославува. Тоа беше искористено од двајцата најголеми конкуренти, Освалдо Фиљо и Марсело Скаф, кои го престигнаа.

Кога „глупакот на годината“ сфати што направи, седна на моторот и забрза, но веќе беше предоцна па трката ја заврши како третопласиран.