Ботас најбрз во квалификациите на Нирбургринг (ФОТО)

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на денешните квалификации за Големата награда на Ајфел, која се вози на патеката Нирбургринг.

Ботас успеа да ја освои пол-позицијата на трката во Германија со време од 1.25.269, а веднаш по него заврши тимскиот колега Луис Хамилтон со задоцнување од 0.256 секунди, по што во топ-3 се пласираше и Макс Ферстапен.

По најбрзата тројка ќе почнат Леклер, Албон, Рикардо, Окон, Норис, Перез и Саинц.