Ботас ќе тргне прв на спринтот, но за главната трка ќе стартува од последно место!

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз во квалификациите за спринтот пред трката за Големата награда на Италија на патеката Монца.

Ботас, сепак, без оглед на резултатот во спринт трката ќе стартува како последен во недела кога се вози главната трка во Италија, а причина за тоа е промената на неговиот мотор.

Новиот формат на спринт квалификации дебитираше во јули на Силверстоун, а ова е вторпат во историјата на Ф1 да се вози таква трка.

Трката е долга 100 километри, односно ќе се возат 18 круга во Монца, а бодови ќе добијат најдобрите три возачи. Првиот добива три бода, вториот два и третиот еден бод во генералниот пласман.