Болидот на Шумахер од 2002 година продаден за - шест милиони евра! (ФОТО)

Болидот на Ферари од 2002 година, кој го возеше легендарниот Михаел Шумахер беше продаден на аукција минатиот викенд во Абу Даби за неверојатни 6 милиони евра.

Шумахер со тој болид победи на 15 од 19 трки во 2002 и 2003 година, а креатори на истиот се Рој Брн, Рос Брон и Паоло Мартинели.

Да потсетиме, Шумахер доживеа несреќа на скијање во 2013 година на Алпите, па неговата здравствената состојба е тајна, зашто така сака неговото семејство.