Бизарно: Маркез се повредил додека отворал - прозорец!

Возачот на Хонда, Марк Маркез мораше да прави втора операција на десната рака откако ја скршил титаниумската плочка, која му била вградена, и тоа додека отворал прозорец.

Првиот човек на екипата тврди дека Маркез се повредил во својот дом.

„Тоа беше несреќа во неговиот дом, кога Марк се обидел да го отвори прозорецот. Почуствувал голема болка, а подоцна забележавме дека плочката во неговата рака е скршена“, откриваат од Хонда.

Според информациите, Маркез најверојатно ќе се врати на неговиот мотор на првата трка во септември.