Бизарно: Ботас набрз на квалификациите на Монца, ама трката ќе ја почне – последен!

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, го освои првото место во спринт-трката во квалификациите за Големата награда на Италија, која утре ќе се вози на патеката во Монца, но и покрај тоа ќе стартува од последниот ред.

Оваа бизарна ситуација доаѓа поради одлуката на неговата екипа да ја смени турбината на болидот, што е четврта сезонава, па според правилата доаѓа до казна со преселба на последната позиција.

Втор во квалификациите беше Макс Ферстапен, кој поради малерот на Ботас ќе стартува од пол-позицијата, а актуелниот шампион Луис Хамилтон заврши како четврти.