Бивш директор на Ферари ќе биде на чело на Ф1!

Стефано Доменикали ќе стане претседател и извршен директор на Формула 1 во јануари 2021 година.

Доменикали е поранешен директор на на Ферари и актуелен извршен директор на Ламборгини.

„Воодушевен сум што ќе бидам дел од организацијата на Ф1, спорт кој секогаш беше важен дел од мојот живот. Роден сум во Имола, а живеам во Монца. Се радувам на враќањето во Ф1“, кажа Доменикали.