Бастијанини до триумф во Арагон – светска титула за Дукати!

Енеа Бастијанини победи на гранприто во Арагон и за влакно го победи Франческо Бањаја, за да стави крај на неговата серија, но еден-два победата за Дукати и официјално на овој италијански тим му донесе нова светска титула во Мото ГП.

Дукати трета година по ред е најдобар во конструктори, а овојпат Бастијанини беше побрз за нијанса од Бањаја, додека третото место го освои Алеиш Еспергаро. На ова гран при во Арагно на патеката се врати Марк Маркез, кој извозе 22 круга и предвреме ја заврши трката.

Следното гран при е во Јапонија на патеката „Мотеги“.