Бањаја потпиша договор до 2026 година со Дукати

Актуелниот шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја потпиша нов договор со Дукати според кој ќе остане во редовите на италијанската екипа до 2026 година.

Бањаја имаше договор до крајот на оваа сезона, но Дукати веќе некое време преговараше за нова соработка и конечно го обезбеди неговиот потпис.

Италијанскиот мотоциклист во моментов е втор најтрофеен возач во кралската класа, по Марк Маркез кој има освоено шест титули во најсилната конкуренција.

„Многу сум среќен што и во иднина ќе се тркам со тимот од моите соништа. Тоа што ги носам овие бои е чест за мене. Горд сум што возам за Дукати“, кажа Бањаја.