АМС демантира: Иџе доби 8,5 милиони минатата година, a оваа зема ваучер од 500.000 денари!

Агенцијата за млади и спорт (АМС) се огласи преку соопштение по повод обраќањето на најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе, кој изрази незадоволство поради малата помош која ја добивал од македонските институции.

Од АМС велат дека Стефановски континуирано бил поддржуван, минатата година добил ваучер од 500.000 денари, а воедно откриваат дека во 2018 година за него биле издвоени 8,5 милиони денари од буџетот на Македонија како помош.

Соопштението ви го испраќаме во целост:

Агенцијата за млади и спорт во врска со обраќањата на нашиот спортист Igor Idze Stefanovski, информира дека:

На агенцијата за млади и спорт во изминатиот период приоритет и се младите врвни спортисти и тоа го искажува во сите пригоди и можности, давајќи приоритет средствата од Буџетот на Република Северна Македонија да се користат за остварување на јавниот интерес во спортот.

По јавниот настап на Игор Стефановски – Иџе, во кој негативно ја оценува работата на Агенцијата за млади и спорт, притоа, неосновано се обвинува и се изнесуваат невистини во однос на работењето на Агенцијата.

Информираме дека Игор Стефановски- Иџе континуирано бил поддржуван спортист, за што го води и фактот дека, од Буџетот на Република Македонија во 2018 година, на овој спортист доделна му е сума од 8,5 милиони денари, од вкупната сума од 20 милиони денари, наменети за Автомобилистичка федерација.

Сакаме да ја споредиме оваа сума од 8.5 милиони денари, која е вкупен буџет на неколку спортски федерации кои со успех се натпреваруваат на регионални, европски и светски првенства и притоа остваруваат врвни спортски резултати со кои исто така ја афирмираат нашата земја.

На спортистот Игор Стефановски-Иџе од 2018 година Стефановски му се исплаќа паричен надоместок за стекнатата категорија, Спортист од Светска категорија, во висина од 49 илјади денари месечно, или две просечни плати, и ова право ќе го остварува во период од 4 години, се разбира доколку се натпреварува во наредниот период до 2022 година.

Во 2019 година на Игор Стефановски.-Иџе, доделен ,у е ваучер во износ од 500.000, денари, како и на неколку европски шампиони во одредени спортови.
Во 2018 година Игор Стефановски.-Иџе настапуваше во Шампионатот на ТЦЦР и оствари пласман согласно неговите нивните можности, а во 2019 година не настапувал во овој систем на натпревари.

Сакаме да ја информираме спортската и пошироката јавност дека Агенција за млади и спорт со посебно внимание ги следи и поддржува активностите во автомобилистичкиот спорт кои поради низа причини 9 години немаше реализирано активности и благодарејќи на активностите на Агенција за млади и спорт, во последните две години повторно се организирани национални натпревари во автомобилизам.
Ваквите настапи и неосновани изјави му штетат на спортот и на оние кои вистински се залагаат за негов развој во нашата држава.

Сакаме да потсетиме дека благодарајеќи на aктивностите на Агенцијата за млади и спорт и поддршката што ја добива, средствата за поддршка на спортот и спортистите во нашата држава во последната година се зголемени за 10 пати, во споредба со средтвата остварени во 2016 година.
Поддршката од Агенција за млади и спорт продолжува и понатаму, му посакуваме успех во неговите спортски резултати.