Иџе удри по АМС: Имам поддршка од народот, но не и од институциите!

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски - Иџе денеска на социјалните мрежи се пожали дека Агенцијата за млади и спорт комплетно го заборавила. 

Иако во минатото државата беше еден од најголемите подржувачи на неговите успеси на меѓународната сцена, сепак Иџе за 2019 година нема добиено ниту денар од АМС. Поранешниот европски првак на ридски патеки е разочаран од односот на АМС и најави дека наскоро ќе излезе на прес-конференција и ќе ги сподели сите детали со јавноста.