Американец ќе вози во Ф1 по 16 години: Сарџент потпиша за Вилијамс

Американскиот возач Логан Сарџент следната година ќе вози за Вилијамс, откако оваа сезона го освои четвртото место во Формула 1 и освои доволно бодови за лиценца која му е потребна за место во „најбрзиот циркус“.

Вилијамс соопшти дека го ангажирале Сарџент, кој ќе стане прв Американец во Ф1 по 16 години со постојан договор, а колега ќе му биде Александер Албон.

„Се подготвив најдобро што можев. Се надевам дека добро ќе го претставувам Вилијамс и дека ќе ги направам горди“, кажа Сарџент.

Претходен Американец кој имаше постојано место во Ф1 беше Скот Спид, кој ги бранеше боите на Торо Росо во 2006 и 2007 година, а во меѓувреме само Александер Роси во финишот на сезоната во 2015 година извозе пет трки.