Алонсо стави потпис на нов договор со Астон Мартин!

Фернандо Алонсо и во наредната сезона ќе биде возач на Астон Мартин, искусниот Шпанец не планира да се откаже од Формула 1.

Актуелниот договор на Алонсо со Астон Мартин истекуваше по крајот на оваа сезона, но таа нема да биде последна. Двете страни се договорија за продолжување на соработката.

Двократниот шампион, Алонсо со 42 години е најстар возач во Формула 1, но повеќе пати нагласи дека е исклучитено мотивиран да се натпреварува.