Алонсо инволвиран во ужасна несреќа - заврши во болница

Поранешниот Формула 1 шампион , Фернандо Алонсо денеска итно бил примен во болница во Швајцарија, откако бил удрен од автомобил додека возел со својот велосипед. 

Неговиот тим Алпине (Рено), објави дека Шпанецот е свесен и комуникативен, а утре ќе му бидат извршени дополнителни медицински тестови. Нема детали какви повреди заработил Формула 1 возачот, но очигледно несреќата воопшто не била наивна.

Алонсо најверојатно ќе го пропушти стартот на новата сезона во Формула 1, каде што се врати по пауза од две години.  Првата трка е закажана за во Бахреин во месец март.