Алонсо доживеа несреќа на релито Дакар, возилото се преврте неколку пати! (ВИДЕО)

Годинашното издание на релито Дакар, кое за првпат во историјата се одржува во Саудиска Арабија, досега понуди неколку одлични моменти, а овој пат во центарот на вниманието се најде Фернандо Алонсо, поранешниот пилот во Формула 1.

Легендарниот возач реши да учествува на релито Дакар, но не му оди баш најдобро. Алонсо имаше инцидент на етапата која се возеше 534 километри, откако пред самиот крај неговото возило се преврте.

Алонсо се обиде да го премине песочниот рид од чуден агол, но неговата Тојота Хилукс се преврте неколку пати. За среќа, Алонсо и неговиот совозач Марк Кома поминаа без повреди.

Сепак, оштетувањето на возилото било малку посериозно, па поради поправки  изгубија 68 минути, иако беа на само два километри до целта. Тие во моментов се рангирани на 14-то место.