Жирона оштетена, Мајкл Оливер не свирна пенал по старт врз Миовски! (ВИДЕО)

Во финишот од натпреварот меѓу ПСВ и Жирона се случи спорен момент во кој во главна улога беше нашиот Бојан Миовски.

Топката одеше поблиску до Миовски, но бекот Данс го удри и Македонецот и топката. Судијата Мајкл Оливер досуди фаул за домаќините по консултација со ВАР. Но впечаток на многумина од фановите и коментаторите е дека требаше да биде досуден пенал за Жирона.