Ждрепка за ЛЕ и КЛ: Осум македонски фудбалери ги чекаат ривалите!

Денеска ќе се одржат ждрепките за лигашката фаза во Лига Европа (ЛЕ) и Конференциската лига (КЛ) во новата сезона, а во двете натпреварувања ќе има вкупно осум македонски фудбалери.

Претставник на Македонија во Лига Европа ќе биде Никола Серафимов со Левски Софија, кои од четвртиот шешир ќе ги чекаат противниците на ждрепкатa.

Во КЛ ќе учествуваат седум македонски фудбалери, односно Елиф Елмас со Аталанта, Езгјан Алиоски со Лугано, Матеј Гаштаров со Црвена Звезда, Висар Муслиу со Сент Труден, Елмин Растодер со Панатинаикос, како и Себастијан Херера и Дамјан Шишковски со Борац Бања Лука. 

Почетокот на ждрепките ќе биде од 13 часот, прво во Лига Европа, а потоа во Конференциската лига.

Фото: ПФК ЛЕВСКИ / PFC LEVSKI