По шокот, убави вести од Ѓоковиќ на УС Опен
Српскиот тенисер и Канаѓанецот одиграа тренинг-сет на теренот „Артур Еш“, а Ѓоковиќ го доби со 6-2. На снимките од тренингот можеа да се видат и неколку одлични поени, особено од страна на српскиот ас.
Овој тренинг доаѓа по една ситуација која претходно ги загрижи навивачите на Ѓоковиќ. Србинот го прекина тренингот против Зизу Бергс по само три гема, но од Њујорк стигна информација дека не станувало збор за повреда, туку за незадоволство од текот на тренингот. Во меѓувреме, Ѓоковиќ тренираше и со Александар Зверев, а сега доби уште еден сериозен спаринг-партнер во Шаповалов.
УС Опен започнува на 30 август, а Ѓоковиќ во Њујорк ќе се обиде да стигне до уште еден голем трофеј во кариерата. Српскиот тенисер последен пат го освои турнирот во 2023 година, кога стигна до својата 24. гренд слем титула. Дополнителна интересна страна е што Шаповалов ќе има своја улога на турнирот – тој е противник на сонародникот на Ѓоковиќ, Миомир Кецмановиќ во првото коло.