Време е за европскиот шампион: Познати стартните состави на Италија и Албанија

Во последниот натпревар од денешната програма на Европското првенство актуелниот европски шампион Италија ќе се соочи против Албанија која на стадионот во Дортмунд ќе има голема поддршка од своите навивачи.

 

На нешто помалку од еден час до натпреварот познати се и стартните состави на двете селекции.

Лучијано Спалети се одлучи за формација 4-2-3-1 со Скамака како најистурен во нападот  Донарума, Ди Лоренцо, Бастони, Калифори -Ди Марко, Жоргињо - Фратези, Пелегрини, Киеза - Скамака.

Силвињо на спротивната страна стартува офанзивно со 4-3-3: Старкоша - Митај, Ајети, Џимшити, Хисај - Бајрами, Рамадани, Аслани - Сефери, Броја, Асани.