Велковски: Време е сонот да ни се оствари!

Фудбалерите на Сараево утре ќе го одиграа плејоф-натпреварот за пласман во групната фаза од Лига Европа против Селтик, а капитенот на овој тим, Македонецот Крсте Велкоски, најавува голема борба и обид за остварување на долгогодишниот сон.

Бордо тимот знае што го чека против големиот фаворит, но не се предава однапред.

„Не очекува голема борба и знаеме што е пред нас. Едвај го чекаме натпреварот, бидејќи долго сонуваме за еден ваков исчекор во Европа. Армијата навивачи е со нас, иако утре нема да бидат на стадионот. Сите треба да покажеме дека заслужуваме да го носиме овој дрес и да се пласираме во групната фаза. Знаеме колку е добар Селтик, но и тие имаа свои мани. Мораме да ги искористиме и да си го оствариме сонот“, изјави Велковски.

Македонскиот репрезентативец со мали прекини уште од 2014 година го носи дресот на Сараево, во кој одиграл 142 меча и постигнал 51 гол.