Вегхорст е херојот на Холандија, победа со пресврт над Полска! (ВИДЕО)

Со гол на Вегхорст во финишот од натпреварот, Холандија со 2-1 ја победи Полска во денешниот прв натпревар на Европското првенство.

Холандија и Полска одиграа интересен натпревар полн со шанси и три гола кој на крајот го добија Холанѓаните.

Први на гол се израдуваа Полјаците кога во 16. минута Букса со глава реализираше за водство од 1-0.

Холандија до изедначување дојде во 29. минута преку Коди Гакпо.

Во првиот дел доминација имаше Холандија, но во вториот дел и Полска имаше свои периоди во кои напаѓаше.

Сепак, Вегхорст по само две минути откако влезе, со својот прв допир со топката даде гол во 83. минута и донесе победа за Холандија од 2-1.