
Вардар попусто го купи Максимов: Русинот не е пријавен за Лига Европа!
УЕФА не му дозволи на Вардар да го регистрира напаѓачот, откако Тракаи го оспори трансферот, иако црвено-црните најавија дека ќе ја платат откупната клаузула која ја има во договорот. Сега Русинот нема да може да му стои на располагање на тренерот Чедомир Јаневски за она што воедно беше купен, а тоа е да му помогне на тимот во дебитантското учество во Лигата на Европа. Максимов е најдобриот стрелец во квалификациите во Лига Европа со седум гола на шест меча.
На списокот го нема ниту повратникот во тимот Горан Попов, а стручниот штаб на Вардар одлучи да ги пријави следниве играчи:
Варда дебито во Европа ќе го има на домашен терен на „Филип Втори“ арената во Скопје и тоа против Зенит на 14 септември, потоа следува гостување во Трондхајм кај Розенборг, а потоа со Реал Сосиедад дома. Во вториот дел од групната фаза, Вардар двапати ќе гостува, во Сан Себастијан и во Санкт Петербург, а на 7 септември ќе го одигра последниот меч како домаќини.