Ужас: Манчестер јунајтед одамна не бил толку лош во напад!

Манчестер јунајтед одигра ужасен натпревар во Берн и загуби со 1-2 од Јанг Бојс во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а притоа постави еден лош рекорд.

„Црвените ѓаволи“ од сезоната 2003/04 година одиграа 138 меча, а од тогаш немале толку малку удари кон противничкиот гол.

Јунајтед имаше само два удари кон голот на Јан Бојс, и тоа преку Роналдо од кои едниот заврши во мрежата на домаќините.