Урнебес: На Италијанците не им се веруваше - Албанците за да ги провоцираат кршеа шпагети (ВИДЕО)

Навивачка „војна“ владееше вчера на улиците на Дортмунд, во пресрет на дуелот меѓу Италија и Албанија.

Навивачките групи на двете репрезентации се провоцираа меѓу себе, сето тоа на достоинствен начин, но еден момент ќе остане во сеќавање. Со цел да ги испровоцираат, Албанците зедоа снопче шпагети и го скршија пред италијанските фанови. Притоа, групата албански фанови со огромно огромно задоволство го поздравува потегот на својот член.

На Италијанците не им се веруваше што гледаат и до каде оди „креативноста“ на албанските љубители на фудбалот.