Унгарија со гол во 100. минута ја елиминира Шкотска од ЕП (ВИДЕО)

Вечерва беше комплетирано третото коло од групата А на Европското првенство (ЕП), при што во драматична завршница славеше Унгарија со 1-0 против Шкотска, додека Германија и Швајцарија одиграа 1-1.

Унгарија и Шкотска одиграа неверојатен натпревар со многу шанси на двете страни, а голот за победа беше постигнат дури во 10. минута од судиското надополнување на второто полувреме кога Кевин Чобот ја затресе мрежата на ривалот.

Германија беше пред пораз од Швајцарија, која поведе со погодокот на Ндоје во 28. минута од дуелот, додека голот за реми го постигна Фулкруг во 92. минута.

Швајцарија и Германија се пласираа во осминафинале на ЕП, додека Унгарија има три бодови и ќе се надева дека ќе добие место меѓу најдобрите затоа што во моментов е во кругот со третопласирани селекции од своите групи.