УЕФА си го кажа своето: Шкендија брка далеку повисоки премии од Шкупи, Македонија ЃП и Академија Пандев

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави како ќе изгледа распределбата на финансиски средства во двете натпреварувања кои се под нивно покровителство. Како и претходните сезони и понатаму останува далеку поисплатливо учеството во Лигата на шампиони, но ниту заработувачката во Лига Европа не е за потценување.

Со самиот пласман во групната фаза во Лигата на шампиони тимот ќе заработи 15.250.000 евра, додека со заверување на место во групна фаза во Лига Европа тимот може да „спечали“ 2.750.000 евра.

Исто така клубот кој ќе го освои трофејот во Лига Европа, притоа ги победи сите мечеви во групата, ќе инкасира дополнителни 20 милиони евра. Од друга страна, победникот во Лигата на шампиони ќе земе од 66 до 82.2 милиони евра.

Инаку, Македонија има неколку претставници во квалификациите во двете натпреварувања. Шкендија, како актуелен шампион во домашното првенство брка пласман во Лигата на шампиони, додека Македонија ЃП, Шкупи и Академија Пандев се дел од Лигата на Европа.