УЕФА почна дисциплинска постапка против Роналдо
Португалецот се соочува со неколку натпревари суспензија, а состанокот во УЕФА поради овој случај ќе биде одржан наредниот четврток и тогаш би требало да ја дознаеме судбината на Роналдо.
Меѓутоа, доколку УЕФА процени дека казната треба да биде поголема, може да му даде уште еден или два дополнителни натпревари суспензија, па тоа би значело три натпревари суспензија, но „ЕСПН“ објави дека не се очекува казна поголема од еден натпревар за Роналдо, а тоа значи дека нема да игра само против Јанг Бојс, додека ќе може да настапи против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ и да ги го оствари сонот.