
УЕФА пак ќе подели 331 милион евра за репрезентациите на Европското првенство
Буџетот е ист како во 2021 година и ќе изнесува 331 милион евра. За самото учество, репрезентациите ќе заработат по 9,25 милиони евра, победа во група изнесува еден милион, а реми по 500 илјади. Пласман во осминафиналето, на учесниците им носи по 1,5 милион, во четвртфиналето по 2,5 милиони, а во полуфиналето по четири милиони. Финалистот ќе добие дополнителни четири, а новиот европски шампион осум милиони евра.
Во најдобар случај, со максимални три победи во групната фаза, освојувачот на титулата може да заработи 28,25 милиони евра.