УЕФА отвори истрага против Албанија

Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истрага против Албанија.

Спорно за УЕФА е однесувањето на нивните навивачи пред, во текот и по натпреварот против Италија одигран вчера.

Албанците на теренот фрлаа разни предмети и палеа пиротехнички средства, а исто така и еден навивач влета на теренот.

Засега не е јасно каква казна ќе им биде изречена и колку таа ќе биде сериозна.