УЕФА одлучи: Познато е каде ќе се одиграат преостанатите осминафинални натпревари во ЛШ и ЛЕ

Лигата на шампиони и Лигата на Европа ќе продолжат во август, откако ќе завршат сите шампионати во најсилните европски лиги.

Познато е дека реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампиони, оние кои не се одиграа порасади пандемијата на коронависр, ќе се играат на 7. и 8. Август, додека завршницата (1/4, 1/2 и финелато) е закажано за во Лисабон, во формат што не е виден досега во ова натпреварување.

Сепак, УЕФА денеска донесе и конечна одлука за домаќини на преостанатите натпревари од осминафиналето. Имено, клубовите ќе ги играат овие натпревари на своите стадиони, што е секако одлична информација за нив.

Тоа значи дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со својот Наполи ќе и гостува на Барселона на „Ноу Камп“, а останатите двојки се: Баерн - Челси, Манчестер сити - Реал Мадрид и Јувентус - Лион. Претходно, Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и ПСЖ обезбедија пласман во четвртфиналети.

Исто така, оваа одлука се однесува и на преостанатите натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа.