УЕФА ќе прави нови реформи во Лига на нации за да ги заштити големите!

Европската фудбалска унија (УЕФА) после само една сезона на Лигата на нации планира да направи реформи и тоа само за да им угоди на великаните на европскиот фудбал да останат дел од А-дизицијата, како што е Германија, која во следното издание во 2020/21 треба да игра во Б-секцијата.

„Скај Спорт“ објави дека во УЕФА сериозно се размислува за ваква реформа, под образложение дека во овој состав, повторно селекциите од највисокиот ранг имаат термин за пријателски меч, а поентата на Лигата на нации е комплетно да се укинат тие непродуктивни и неинтересни „контролки“.

Затоа во план на разработка е А-дивизијата да има по четири селекции во група, а не по три досега. УЕФА на ваква идеја дошла зашто на пријателските мечеви на германија со Србија и Перу во екот на Лигата на нации имало само 25.000 гледачи, а на првиот меч со Франција дури 67 илјади гледачи.

„УЕФА постојано разгледува низа опции за да го подобри натпреварувањето, вклучувајќи тука и промена на форматот на натпреварувања“, рекле од медија-дескот на УЕФА за „Скај Спорт“.

Според предлогот веројатно Германија, Исланд и Полска, кои испаднаа ќе опстанат и ќе останат во лигата, а сега групите би биле по четири, но тоа би значело дека испаѓање ќе избегнат и селекциите што требало да играат во Ц и Д дивизиите. За Македонија ваквата промена не би имала ефект, зашто црвено-жолтите се изборија за пласман во погорна дивизија, но може да значи дека Д-дивизијата би била скратена.

Засега нема детали од тоа како би изгледале комплетните реформи.