УЕФА избра нов стадион за финалето во ЛШ, ќе се игра пред 22.500 навивачи!?

Европската фудбалска унија (УЕФА) решила финалето од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Манчестер сити и Челси да не се игра во Истанбул.

Англиските медиуми пишуваат дека финалето од елитното натпреварување ќе се пресели на Островот поради големиот политички притисок врз УЕФА, а најголем фаворит е Лондон, односно стадионот „Вембли“.

Турција се наоѓа на црвената листа на британската Влада поради ковид-19 и сите кои ќе се вратат од таа земја мора да заминат во 10-дневен карантин, а Англичаните сакаат да го избегнат тоа.

Финалето е планирано за 29 мај, а конечната одлука за домаќинот ќе биде донесена во вторник. Исто така, се шпекулира дека на „Вембли“ би можеле да присуствуваат околу 22.500 навивачи.