Турците ја прегазија Бугарија среде Софија, Роналдо го изведе најлошиот пенал (ВИДЕО)

Селекцијата на Турција ја оствари најубедливата победа во синоќешната програма од квалификациите за Светското првенство, прегазувајќи ја Бугарија (6-1) среде Софија.

Првото полувреме заврши изедначено (1-1), но избраниците на Винченцо Монтела во вториот дел одиграа фуриозно и целосно ја декласираа домашната репрезентација. Откако Арда Ѓулер и Кирилов погодија во воведните 45 минути, автоголот на Попов ја врати Турција во водство, а потоа сцената ја презеде Јилдиз со два брзи погодоци во рок од пет минути. Следуваа головите на Челик и Кавечи, кој во судиското надополнување го постави конечниот резултат.

Во истата група, Шпанија продолжи со максимален ефект по три кола, совладувајќи ја Грузија (2-0) благодарение на головите на Јереми Пино и Микел Ојарзабал. Со тоа Шпанците остануваат лидери со девет бода, пред Турција со шест, Грузија со три и Бугарија која е без освоен бод.

Возбудливо беше и во Лисабон, каде Португалија со тешко извојувана победа над Ирска (1-0) ги освои трите бода. Херој на натпреварот беше Рубен Невес со гол во судиското надополнување, откако претходно Кристијано Роналдо не реализираше пенал, кој беше можеби најлошо изведениот во неговата пребогата кариера.

ФОТО: EPA PHOTO