Тренерот на Валенсија откри што му кажал Роналдо по црвениот картон
Главниот судија Феликс Брих по консултација со својот асистент реши да му даде директен црвен картон на Португалецот, а Роналдо не можеше да си поверува на очите, па со солзи го напушти теренот.
Ѕвездата на Јувентус била вознемирена при напуштањето на теренот, а при излегувањето од истиот, утеха добил и од тренерот на Валенсија, Марселино Гарсија.
„Не го видов инцидентот на Роналдо. Но, мора да признаам дека беше повреден и лут поради тоа што се случи, кога се доближи до мене, Роналдо плачеше и ми кажа дека ништо не направил. Тоа беше чудна ситуација, но во секој случај не беше убаво да се види во такво издание“, кажа тренерот на Валенсија.