Тежок удар за Холандија: Де Јонг го пропушта Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Холандија ќе биде ослабена на предстојното Европско првенство бидејќи нема да може да смета на Френки Де Јонг од Барселона.

Играчот за врска на Барселона нема да може да настапи во Германија поради повреда на зглобот.

Де Јонг повредата ја заработи уште порано, а од 3. март одигра само три натпревари за Барселона.

Се очекуваше Де Јонг да се опорави, посебно затоа што го одигра и натпреварот против Реал Мадрид на 21. април, меѓутоа таа повреда не се залечи.

Ова секако ќе биде тежок удар за Холандија бидејќи Де Јонг одигра 54 натпревари во дресот на Холандија. Ќе потсетиме, Холандија Европското првенство го започнува во недела на 17. јуни кога ќе игра против Полска,  потоа ја очекуваат натпревари со Франција и Австрија.