Тешки задачи за Велкоски и Спировски во ЛШ – противници Селтик и Лудогорец

Двајцата македонски репрезентативци Крсте Велкоски и Стефан Спировски, кои изминатава сезона освоија шампионски титули со босански Сарајево односно унгарски Ференцварош добија исклучително тешки противници во првото коло во квалификациите за ЛШ, по ждрепката која се одржа денеска во Нион.

Македонскиот првак Шкендија имаше среќа па го доби естонски Номе Калју за противник, но таква среќа немаа Велковски и Спировски. На Сараево, чиј капитен е Велковски му падна поранешниот европски првак и шкотски великан Селтик, кој е апсолутен фаворит за да се пласира во второто коло во Лигата на шампионите.

На Спировски со Ференцварош, пак, противник им е бугарски Лудогорец, кој веќе неколку години доминира во првенството кај источниот сосед и има иклучително силен и можен тим, иако сезонава не беа на нивото од претходните години. Спировски во моментов закрепнува од операцијата на коленото и се очекува наскоро да се врати на тренинзите и во полн ек да почне да тренира за новата сезона.

Дерби во првото коло во Лигата на шампионите се пресметките на БАТЕ Борисов со полски Пјаст, како и дуелот на казахстанска Астана со романскиот шампион Клуж.

ДВОЈКИ ЗА ПРВО КОЛО ВО ЛШ

Номе Калју – Шкендија, Судува – Црвена Звезда, Арарат – АИК Стокхолм, Астана – Клуж, Лудогорец – Ференцварош, Партизани Тирана – Карабах, Слован Братислава – Сутјеска, Селтик – Сараево, Шериф Тираспол – Сабутрало, Дуделанж – Валета, Линфилд – Розенборг, Валур – Марибор, Дундалк – Рига, ТНС – победник од претквалификации, Хелсинки – Торшаун, БАТЕ Борисов – Пјаст.