Табела по пет кола во ЛШ: Ливерпул максимален, Реал на работ

Синоќа беше комплетирано петтото коло од Лигата на шампионите, а ситуацијата во моментов е исклучително интересна.

Осамен на врвот е тимот на Ливерпул кој останува единствен со максимален ефект, односно 15 освоени бода. „Црвените“ синоќа го совладаа бранителот на титулата Реал со 2-0 и ја задржаа предноста од два бода во однос на второпласираниот Интер, а на три кола пред крајот се сигурни учесници во нокаут фазата, барем во плејофот.

На третото и четвртото место се Барселона и Борусија Дортмунд со по 12 бода пред нивниот меѓусебен дуел во шестото коло на Вестфален. Топ-8 го комплетираат Аталанта, Баер, Арсенал и Монако со тоа што израмнети со Монако се уште Астон Вила, Спортинг, Брест и Лил кои се од 9. до 12. позиција.

Интересна е ситуацијата со Реал кој по пет кола има само шест освоени бода и се наоѓа на 24. позиција, последна која води во плејофот. Од овој аспект, многу веројатно е дека дури и со три победи до крајот, мадридскиот тим нема да успее да обезбеди директен пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, но големи се шансите да го избегне најлошото и да се пласира во плејофот. Најтешко за Реал ќе биде следното коло во кое ѝ гостува на разгоропадената Аталанта, додека во последните две кола има релативно лесна задача со Салцбурги Брест. Тие два меча се играат во јануари кога голем дел од повредените играчи ќе се вратат и ќе му бидат на располагање на Анчелоти.