Реал Мадрид постави негативен клупски рекорд во ЛШ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид беше поразен на гостувањето кај Ливерпул на „Енфилд“ со 0-2 во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и со тоа постави негативен клупски рекорд.

„Кралевите“ за првпат во историјата за време на групна фаза загубиле три натпревари во елитното натпреварување, па тоа е доказ дека не им оди најдобро во новиот формат на ЛШ.

Реал Мадрид досега загуби од Ливерпул (0-2), Милан (1-3) и Лил (0-1), додека славеше против Борусија Дортмунд (5-2) и Штутгарт (3-1).

„Кралскиот тим“ по пет одиграни кола се наоѓа на 24. место со само шест освоени бодови.