Ван Нистелрој доби нова работа во Премиерлигата

Руд Ван Нистелрој неодамна замина од Манчестер јунајтед по доаѓањето на тренерот Рубен Аморим, но Холанѓанецот не чекаше долго пред да си најде нов ангажман, и тоа повторно во Премиерлигат.а

Ван Нистелрој овој пат ќе биде главен тренер на поранешниот англиски шампион Лестер, кој се раздели со стратегот Стив Купер по лошите резултати од почетокот на сезоната.

Лестер го чека тешка битка за опстанок во елитата, а главна задача на Ван Нистелрој е да му помогне на клубот да не испадне во понизок ранг.

Холанѓанецот во конкуренција за кормилото на „лисиците“ ги победил Дејвид Мојс и Грем Потер.