
Суперкомпјутерот ја прогнозира новата сезона во ЛШ: Елмас ќе стигне до полуфинале, титулата за - Сити
Така е и пред стартот на Лигата на шампионите кое ќе биде историско бидејќи првпат по 32 години се менува системот на натпреварување. Место групна фаза, сега има лигашки дел во кој учествуваат сите 36 екипи од кои првите осум одат понатаму, а од 9. до 24. место се борат преку бараж за пласман во осминафиналето.
Прогнозата на суперкомпјутерот е мошне интересна бидејќи според него, во топ-8 ќе се пласираат екипи како Астон Вила и Аталанта, а не гиганти од типот на Арсенал, Милан, ПСЖ, Јувентус итн. Да биде уште поинтересно, за францускиот првак е резервирано 24. место по лигашкиот дел, последно кое води во баражот.
Што се однесува до завршницата, во полуфиналето би се пласирал Лајпциг чиј член е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во претпоследната фаза бундеслигашот ќе загуби од Манчестер Сити. Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Реал и Ливерпул и како победник од неа ќе излезе шпанскиот тим. Титулата, сепак, оди во Англија бидејќи во проектираното финале, Сити ќе го победи Реал со 2-0.